The Blog

5 природни лекови против грипот!


Луѓето со опаднат имунолошки систем и со дефицит на хранливи материи се повеќе склони на фаќање грип или настинка. Стресот, недостатокот на спиење и изложеноста на токсини може да ги влошат симптомите на грипот. За среќа, постојат природни лекови против грип кои можат да помогнат.

Што е грипот ?

Грипот е заразна респираторна болест предизвикана од вирусот на инфлуенца. Овие вируси се шират низ воздухот од човек до човек. Знаците и симптомите на грип може да вклучуваат :

  • треска
  • кашлица
  • течење на носот
  • болки во мускулите и телото
  • главоболки
  • замор
  • повраќање
  • дијареа

Иако секој може да се разболи од грип, малите деца, и возрасните над 60 години, се изложени на поголем ризик за да развијат сериозни компликации.

Прашањето е: Како да се ослободите од грипот на природен начин?!

Домашните лекови за грип вклучуваат витамини Ц и Д, хербални суплементи, есенцијални масла, пробиотици и секако здрава исхрана. Пробајте ги овие природни лекови против грип за да помогнете во ублажувањето на симптомите.

#1 Витамин Ц ( 1000 мг 3-4 пати на ден)

Витаминот Ц помага при работата на имунолошкиот систем и ги зголемува белите крвни зрнца. Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц го крати траењето на настинките и спречува нивно понатамошно појавување.

#2 Витамин Д3 ( 2000 ИЕ дневно)

Витаминот Д се произведува во телото со сончевата светлина и го регулира изразувањето на повеќе од 2000 гени, вклучувајќи ги и оние на имуниот систем. За жал, дури 90% од луѓето се дефицитарни со витамин Д. Неодамнешните истражувања покажаа дека ниските нивоа на витамин Д, се поврзани со повисоки стапки на настинки, грипови и респираторни инфекции.

#3 Боровинка ( 15 мл дневно)

Ова растение може да го “деактивира” грипот и природно го зајакнува имунитетот. Цвеќето и бобинките на боровинката го зајакнуваат имунолошкиот систем, го лекуваат грипот и ја олеснуваат синусната болка.

Боровинката го напаѓа грипот и го намалува воспалението на бронхиите. Прелиминарна студија покажа дека кога 15 мл сируп од боровинка се земале четири пати на ден во период од пет дена, тој ги ослободува симптомите на грип во просек четири дена порано, од оние кои земале плацебо.

#4 Масло од орегано ( 500 мг 2 пати дневно)

Маслото од оригано има моќен анти-вирусен ефект. Иако не постојат студии кои ја проценуваат ефикасноста на ова масло, постои истражување кое покажа моќни антивирусни својства на есенцијалното масло.

#5 Најдобра храна за борба против грипот

  • Лесна храна за дигестија : Тука спаѓаат супите, варениот зеленчук и билните чаеви кои ќе ви помогнат со варењето на храната. Не се присилувајте да јадете со сила.
  • Вода : Соодветната хидратација е клучот за исфрлање на вирусот од вашиот систем. Течноста му помага на телото да ги “измие” бактериите и вирусите од него. Зелените и црните чаеви исто така се зајакнувачи на имунолошкиот систем и антиоксиданти. Па затоа, конзумирајте ги често.
  • Топла вода со лимон, мед и цимет : Медот и циметот помагаат да се спречи натрупување на слузот и ве задржуваат хидрирани.
  • Ѓумбир : Направете чај од ѓумбир и додадете органски мед.
  • Лук и кромид : И двата зеленчука помагаат да се зајакне имунолошката функција.

 

 

 


Е-маил адреса