The Blog

7 предности на мултивитамините + кои се најдобрите мултивитамини за мажи, а кои за жени?!


Мултивитамините се најпопуларниот додаток во исхраната во светот, па така лесно можете да ги најдете во широк спектар во зависност од возраста, полот и начинот на живеeње. Мултивитамините станаа дел од многу домаќинства, а најновите истражувања открија дека скоро 1/3 од светот, секојдневно конзумира мултивитамини се со цел да го подобрат своето здравје и да ја збогатат својата исхрана со витамини и минерали од кои имаат недостаток.

Прашањето е, дали мултивитамините ја завршуваат својата работа и дали треба да ги додадеме во нашата секојдневна рутина?! Ајде да се нурнеме подлабоко во оваа тематика и да научиме нешто повеќе за мултивитамините, заедно со тоа кои се најдобри за мажи, а кои за жени!

Што се мултивитамините ?!

Мултивитамините се еден вид додаток во исхраната кој содржи комбинација од витамини, минерали и други хранливи материи кои се користат за подобрување на здравјето. Официјалната мултивитаминска дефиниција во САД е : секој суплемент со најмалку три витамини и минерали кој има минимален ризик од несакани ефекти и е без додатоци на билки, хормони или лекови.

Повеќето луѓе користат мултивитамини за да ги пополнат хранливите празнини и да ги спречат недостатоците на клучните витамини и минерали. Тие, исто така, се поврзани со голем број здравствени придобивки и можат да помогнат во подобрување на видот, меморијата и зајакнување на силата на коските во текот на целиот животен век.

Мултивитамините се достапни во пилули, капсули, прав, течни па дури и во инекции. Постојат во најразлични формулации за да одговараат на нутритивните потреби на речиси секој, без оглед на возраста, полот или здравствениот статус.

Видови на мултивитамини

Вашите нутритивни потреби можат да варираат врз основа на многу различни фактори. Поради оваа причина, најдобриот мултивитамин за мажи над 50 години може да биде сосема различен од најдобриот мултивитамин за жени.

За среќа, постојат многу видови на мултивитамини достапни за да одговараат на било која возраст и начин на живот. Многу лесно можете да најдете мултивитамини за оние кои активно вежбаат и стекнуваат мускулна маса, мултивитамини дизајнирани специјално за луѓе со бубрежна болест, па дури и витамински додатоци направени за подобрување на здравјето на вашата коса, кожа и нокти.

Мултивитамин VS Б комплексен витамин

Мултивитамините обично содржат поголем дел на витамини и минерали кои му се потребни на вашето тело, вклучувајќи витамини А, Ц, Д, Е и К, како и витамини Б, како тиамин, ниацин и витамин Б12. Поради оваа причина, тие најчесто се користат за да се пополнат празнините во урамнотежената исхрана и може да бидат особено корисни за оние кои имаат рестриктивни диети.

Б комплексните витамини, од друга страна, содржат само витамин Б, вклучувајќи мешавина на тиамин, рибофлавин, биотин, пантотенска киселина, фолна киселина, витамин Б12 и витамин Б6. Овие додатоци можат да бидат покорисни за оние кои имаат добро заоблени диети и ги задоволуваат повеќето од нивните нутритивни потреби само преку храна, но се обидуваат да ги поддржат здравите нивоа на енергија, подобрување на когнитивните перформанси и промовирање на менталното здравје.

Вообичаено не се препорачува да се употребуваат комплекс од Б и мултивитамин, бидејќи вишокот на витамин Б едноставно се излачува преку урината. Наместо тоа, одберете еден или друг врз основа на вашите лични потреби за исхрана и здравствени цели.

Мултивитамински придобивки

  1. Ги корегираат недостатоците во исхраната
  2. Поддржуваат здрава бременост
  3. Промовираат соодветен раст и развој
  4. Помага да се одржи силата на коските
  5. Ја подобруваат функцијата на мозокот
  6. Го подобруваат видот
  7. Го зајакнуваат срцето

Најдобри мултивитамини за мажи

Мажите имаат различни нутритивни потреби од жените, па наоѓањето на најдобриот мултивитамин за мажите дефинитивно може да биде предизвик. Најдобриот машки мултивитамин треба да содржи доволно важни микронутриенти кои се директно вклучени во целокупното здравје.

Еве неколку од најдобрите витамини за мажи, плус неколку минерали кои дефинитивно треба да бидат вклучени во вашиот мултивитамин:

  • Витамин А – помага во одржувањето на здравјето на очите, го зголемува прометот на клетките на кожата и ја регулира имунолошката функција
  • Витамин Б12 – помага во формирањето на црвените крвни клетки, синтезата на ДНК и функцијата на мозокот
  • Витамин Ц – делува како антиоксиданс во борбата против слободните радикали, создава колаген и заштитува од инфекции и болести
  • Витамин Е – го подобрува здравјето на срцето, го спречува оксидативното оштетување на клетките и го намалува воспалението
  • Витамин Д3 – ја зголемува апсорпцијата на калциум, гради силни коски и го зголемува имунитетот
  • Магнезиум – делува како кофактор за над 300 ензимски реакции и игра улога во енергетскиот метаболизам, мускулните контракции и здравјето на мозокот
  • Селен – ги штити клетките, го намалува ризикот од проблеми со тироидната жлезда и ја зголемува машката плодност

Најдобри мултивитамини за жени

Бидејќи жените имаат потреба од различни количини на витамини и минерали во различни точки низ целиот животен век, најдобриот женски мултивитамин треба да содржи широк спектар на витамини и минерали приспособени да одговараат на нивните препорачани дневни потреби.

Еве некои од најдобрите витамини за жени, како и неколку важни минерали кои можеби ќе сакате да ги вклучите во секојдневната исхрана :

  • Витамин А – ја одржува кожата блескава, штити од болести и инфекции и го подобрува видот
  • Витамин Б12 – го зголемува нивото на енергија, ја зголемува синтезата на ДНК и го оптимизира здравјето на мозокот
  • Витамин Ц – помага во синтезата на колаген за поддршка на здрава коса и кожа, го спречува оштетувањето на клетките и го подобрува имунитетот
  • Витамин Д3 – го подобрува здравјето на коските, ја зголемува апсорпцијата на калциум и го зајакнува имунитетот
  • Калциум – ги зајакнува коските и спречува да се развие остеопорозата и слабеењето на коските за време на менопаузата
  • Фолати – вклучени во репликацијата на ДНК и неопходни за да се спречат вродени дефекти за време на бременоста
  • Железо – произведува црвени клетки кои помагаат да се транспортира кислородот до целото тело

 


Е-маил адреса