The Blog

9 причини зошто треба да почнете со трчање секој ден!!


Како што знаеле да кажат античките Грци : Ако сакаш да бидеш силен – трчај, ако сакаш да бидеш убав – трчај, ако сакаш да бидеш паметен – трчај.

Секако трчањето само од себе нема да помогне да ги заборавите сите проблеми, но ако трчањето стане дел од вашата рутина, дефинитивно ќе забележите позитивни промени. Тоа е најубавиот и најефтиниот начин да бидете фит. Не бара специјална опрема. Сите овие работи се дополнителна причина за да започнете со трчање. Во продолжение ви претставуваме уште 9 :

  • Трчањето ни го зајакнува срцето, го зголемува бројот на капиларите и на црвените крвни клетки во телото. Срцето како мускул зајакнува многу повеќе кога трчаме.
  • Добро истренирано срце пумпа многу повеќе крв во еден циклус. Па кога се зголемува протокот на крвта, се зголемува и количината на кислород. Сите органи и ткива во телото добиваат повеќе крв,кислород и хранливи материи.
  • Одлично е за справувањето со стрес. Нашето тело акумулира отапдни продукти од целата нервоза и стрес во текот на денот. Добро трчање и потење на тие продукти е токму тоа што му треба на телото да се ослободи од стресот.
  • Кога вежбаме, телото ослободува хормон наречен ендорфин. Овој хормон е наречен и хормон на среќа. Па така со зголемување на овој хормон се крева и еуфоријата, а исчезнува депресијата.
  • Се зголемува менталната активност. Па затоа додека трчаме, честопати ни доаѓаат на памет креативни решенија. Се е тоа благодарејќи на кислородот кој му помага на централниот нервен систем да функционира активно.
  • Го зајакнува нашиот имунитет со зголемувањето на црвените крвни клетки и хемоглобинот во крвта. Истовремено се намалува холестеролот и гладта.
  • Не е битно во која доба од денот трчаме. Наутро ќе ни ја даде потребната свежина и енергија за во текот на денот, а пак во подоцнежните часови ќе ни помогне да се релаксираме од напораниот ден и да спиеме како бебе.
  • Некои студии индицираат дека трчањето помага во регенерирањето на клетките на црниот дроб.
  • Има позитивно влијание на мускулоскелетниот систем. Препорачливо е за постари и спречува остеоартритис.

Е-маил адреса