The Blog

Есенцијалното масло од Турмерик помага во борбата против ракот!


Маслото од турмерик е екстрактирано од истоименото растение турмерик, или кај нас познато и под името куркума. Куркумата е добро позната по своите анти-инфламаторни, анти-оксидативни, анти-микробни, анти-маларични, анти-туморни, анти-пролиферативни, анти-протозоални и анти-старечки својства. Куркумата има долга историја како лек, зачин но и како средство за боење. Етеричното масло од куркума е импресивен природен здравствен агенс, исто како и самото растение за кое се смета дека ги има најветувачките анти-канцерогени ефекти.

Дали се прашувате: “За што се е добра куркумата?!”. Здравствените придобивки од куркумата се навистина неверојатни, почнувајќи од тоа дека нејзините својства се анти-канцерогени, па се до користење на есенцијалното масло во борба против депресијата.

  1. Помага во борба против ракот на дебелото црево
  2. Помага во спречување на невролошки заболувања
  3. Потенцијално третира епилепсија
  4. Помага во намалувањето на артритисот и болките во зглобовите
  5. Го подобрува здравјето на црниот дроб
  6. Помага во борбата против ракот на дојка
  7. Ги намалува леукемичните клетки
  8. Олеснува депресија и анксиозност
  9. Се бори против настинките
  10. Го подобрува здравјето на кожата

Што е всушност турмерикот (куркума) ?! Турмерик (Curcuma longa) е повеќегодишно растение од семејството на ѓумбир (Zingiberaceae). Растението расте во висина до 3 метри и има жолти цветови. Коренот е светло портокалов со тенка кафеава обвивка. Потекнува од Јужна Индија и Индонезија, а исто така можело да се забележи одгледување на ова растение и на островите во Индискиот Океан.

Есенцијалното масло од турмерик е екстрактирано од трубените ризоми на растението или подземните корени. Есенцијалното масло обично се добива од коренот на куркумата преку CO2 или дестилација на пареа со помош на хексан. CO2 екстрактираното масло е многу поквалитетно и корисно за нас. Есенцијалното масло од турмерик е жолто по боја и има интересен мирис кој може да се опише како сладок со нијанси на зачинетост.

Како да го најдете и да го користите етеричното масло од куркума?!

Етеричното масло од куркума е достапно во аптеките и продавниците за здравје и е широко прифатено. Немојте да бидете измамени од големината на шишето – иако ќе ви делува како малку, верувајте ќе трае долго време.

Барајте етерично масло кое е екстрактирано само со CO2, што во превод значи дека за извлекување на маслото е користено малку топлина. Екстракцијата со CO2 исто така не вклучува хемикалии како хексан и етанол.

Ако правите домашни терапии, корисно е да знаете дека етеричното масло од куркума добро се вклопува со есенцијални масла од ѓумбир, цимет, црвен портокал, грејпфрут, ванила и кардамон.

  • За олеснување на стресот и ароматерапија: Капнете 2-3 капки етерично масло од куркума во инхалатор или пак во лампа за освежување на простории.
  • За кожа: Капнете две капки во лосионите за кожа, серумите и маските за лице, а со тоа ќе добиете додатен антисептик и анти-инфламаторен поттик.
  • За надворешна употреба, вклучувајќи воспаление и олеснување на болката: Направете масло за масажа со разредување на пет капки масло од куркума и пет капки кокосово масло. Маслото нанесете го на областите кои ви се воспалени и на кои чувствувате болка.
  • За внатрешна употреба: Додадете две капки етерично масло од куркума во чаша вода, или пак комбинирајте ги со лажичка мед.

Есенцијалното масло од куркума, секогаш чувајте го на темно и ладно место.

 


Е-маил адреса