The Blog

Формулата “10-3-2-1-0” за лесно утринско будење!


За многу луѓе станувањето наутро од кревет претставува огромен проблем. Некои се будат кажувајќи си дека ќе поспијат уште само “5 минути”, некои го местат алармот за да ги буди подоцна, а пак некои немаат никакви проблеми со тоа и стануваат веднаш и без проблем.

Фитнес тренерот Крег Балантин води блог за здрав живот и квалитетен сон. Тој ја има развиено неговата формула наречена “10-3-2-1-0” со која ќе можеме да се наспиеме квалитетно во текот на вечерта, а наутро ќе се чувствуваме свежи и полни со енергија.

10 часа пред спиење

Толку време е потребно да се исчисти вашето тело од стимулансите содржани во кофеинот. Затоа, без кафе, зелен или црн чај, Кока Кола, енергетски пијалоци и чоколадо. БЕЗ ИСКЛУЧОЦИ !

3 часа пред спиење

Не конзумирајте алкохол 3 саати пред да одите на спиење. Телото троши огромна енергија во чистењето на алкохолот пред спиење и на доцните оброци. Во овој случај кога одмарате дома во доцните часови, вашето тело всушност работи во полна пареа. Затоа кога ќе се разбудите се чувствувате како да сте работеле цела вечер, а не да сте спиеле.

2 часа пред спиење

Во овој период, не работете и не размислувајте на работа. Навистина – оставете го за утре, работата нема да ви избега.

1 час пред спиење

Без гледање на ТВ и користење на компјутер или мобилен во овој интервал пред спиење. Оставете ги вашите очи и мозокот во мирување.

0 минути до алармот

Изгасете го алармот и станувајте веднаш од креветот. Не паѓајте во замката да се враќате во многу долгиот циклус на “ајде уште 5 минути”, повторно и повторно. Станувајте веднаш откако ќе го изгасите алармот, верувајте ќе ви прејде во навика после неколку пати. И секогаш имајте на ум дека враќањето назад на дополнително 10 минутно спиење, нема да направи да се чувствувате наспано.


Е-маил адреса