The Blog

Одличен детоксикатор кој ја чисти крвта и органите!


Во последните неколку години свесноста на луѓето за добро здравје и благосостојба на организмот значително се зголеми. Свесноста за зголемената стапка на смртност од хронични болести и забавување на процесот на стареење се најчестите причини зошто луѓето бараат алтернативни начини.

На возрасен човек над 19 години му се препорачуваат дневно да пие 2-3 шољи со различни типови на зеленчук за да ги добие  сите неопходни витамини и минерали за здрав живот. Студиите покажуваат дека секојдневното  пиење  сок  од пченична трева, ги задоволува  дневните потреби на организмот.

Сокот од пченичната трева содржи: 

70% хлорофил, 21% аминокиселини, антиоксиданси, бета каротен, витамини А, В, Е, С, F, K, минерали, живи ензими.

Сокот од пченична трева е еден од најдобрите  природни извори на жив хлорофил и најдобро е да се конзумира свеж. Хлорофилот во пченичната трева дејствува како средство преку кое се пренесува кислородот во нашето тело. Пушењето, конзумирањето на храна со заситени масти, загаденоста на воздухот и физичката неактивност ја намалуваат апсорбцијата на кислород во нашиот организам. Со конзумирање на сокот од пченична трева, нашето тело апсорбира повеќе кислород. Тоа помага за подобра циркулација на крвта и отстранување на токсините од човечкото тело.

Според истражувањата на Dr. Hans Frischer, добитник на Нобелова награда за истражување за Црвените крвни клетки:

 “Молекулите на човековата крв се многу слични со молекулите на хлорофилот, во јадрото на хлорофилот се наоѓа Магнезиум, додека во јадрото на хемоглобинот Железо. Токму затоа молекулите на хлорофилот лесно се трансформираат во хемоглобин. Од таа причина пченичната трева уште се нарекува и “Зелена крв“ која помага во градењето на крвта и подобрување на симптомите на анемија.”

Сокот од пченична  трева – крал на алкалната храна

*Количина на алкална супстанца (100гр)

– Пченичната трева  ја неутрализира ph рамнотежата на телото со што ја намалува киселоста.

– Ја враќа алкалноста во крвта и помага за балансирање на киселата ph вредност.

– Ги отстранува остатоците од лекови, тешки метали во телото и ги неутрализира токсините.

– Го зајакнува имунитетот и го зголемува нивото на енергија.

– Помага при несоодветно варење на храната.

– Го стимулира метаболизмот и ензимскиот систем на телото преку збогатување на крвта.

– Делува антибактериски и помага при инфекции.

– Течниот хлорофил од пченичната трева навлегува во ткивото и го прочистува и регенерира.

– Помага при артритис и регулирање на крвниот притисок.

– Сокот од пченична  трева  содржи повеќе од 100 елементи кои му се потребни на човекот.

Употреба: Најдобро се конзумира свеж. Да се чува во замрзната состојба  до моментот на употреба.Откако ќе се извади од замрзнувач, да се испие во рок од 10 минути.


Е-маил адреса