The Blog

Пијам топла вода, мед и лимон секое утро веќе една година. Ова се резултатите!


Многу слушав за овој едноставен рецепт и најпрво бев скептик за придобивките на овие три работи во комбинација. Имаше период каде постајно се разболував и секое утро кога станував без разлика на бројот на преспиени часови се чувствував изморено. Тогаш решив да пробам да го практикувам овој рецепт и еве веќе 12 месеци јас се чувствувам како нов човек. Ова се главните работи за кои ми помогнаа овие три состојки во комбинација :

  • Не сум бил настинат, а гриповите не ми претставувале никаков проблем
  • Стомачните вируси биле игнорирани подеднакво како и настинките
  • Станувам свеж и полн енергија
  • Кафето веќе воопшто не ми е потребно рано наутро
  • Најважно од се, луѓето околу мене кои исто така почнаа да го практикуваат овој рецепт се здрави

Чувството е прекрасно кога знаете дека можете да си помогнете самите на себе и на вашите најмили со толку едноставен и достапен рецепт.

Рецептот е многу едноставен :

  • Сок од половина свежо исцеден лимон
  • Полна кафена лажичка мед ( по можност органски )
  • Зовриена вода ( малку оставена да се излади, но доволно топла да го растопи медот )

Сето ова ставете го во една чаша, убаво промешајте и испијте го во што е можно пократок временски период за да ви го хидрира телото и да ве расони.


Е-маил адреса