The Blog

Рецепт за чај од турмерик (познат уште како “Течно Злато”)


Има причина зошто чајот од турмерик (или куркума како што е наречено кај нас) е популарен пијалак низ цела Азија. Четирите едноставни состојки во овој рецепт придонесуваат за подобрување на нашето здравје (намалување на воспалението, помага при варењето, ги зајакнува коските и го подобува здравјето на срцето).

Потребно време за подготовка: 5 минути

Состојки:

  • 1 шолја кокосово млеко
  • 1 шолја вода
  •  супена лажица путер (не е задолжително за оние кои се вегани)
  • 1 супена лажица мед
  • 1 чајна лажичка турмерик (во прав или пак свежо рендан)

Упатства:

  • Ставете едно тенџере на оган
  • Откако ќе се загрее, ставете ги кокосовото млеко и вода
  • После 2 минути, додадете ги путерот, медот и турмерикот и повремено мешајте ја смесата
  • После 2 минути, смесата е спремна за сервирање

Овој рецепт е за 2 шолји чај. Доколку сакате чајот да биде поблаг, можете да додадете уште малку мед. Една шолја чај од турмерик (според овој рецепт) содржи:

  • 310 калории
  • 2.5 грама протеин
  • 30 грама масти (оваа бројка ќе се намали доколку го одземете путерот од рецептот)
  • 13 грама јаглехидрати
  • 9 грама шеќери
  • 1.17 милиграми манган (65% од дневните потреби)
  • 4.6 милиграми железо (26% од дневните потреби)
  • 55 милиграми магнезиум (18% од дневните потреби)
  • 177 IU витамин А (8% од дневните потреби)

 


Е-маил адреса