The Blog

Рецепт за Боршт: Веганска супа од цвекло


Во текот на студените денови, нема ништо подобро од чинија со топла и хранлива супа. Еден од моите омилени рецепти кои воедно е погоден и за оние кои се вегани, е рецептот за Боршт или поточно супата од цвекло, но и многу други хранливи продукти, кои ја прават оваа супа совршен избор за зимските денови.

Потребно време за подготовка: 35 минути

Состојки:

  • 6 шолји зеленчукова супа
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 3 цвекла, сецкани
  • 2 репки, сецкани
  • 1 супена лажица сенф
  • 1/4 кафена лажица црвен пипер
  • 1/2 лук, сецкан
  • 1/2 шолја, суво црвено вино
  • 200 грама сос од домати
  • 1/4 шолја копар
  • 1 шолја леќа, зготвена
  • 1 шолја наут
  • 3 ловрови листови
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка бибер

Упатства:

  • Во голема тава на средна температура, ставете ги лукот, црвениот пипер, солта и биберот околу 5 минути
  • Додадете ги останатите состојки освен леќата и наутот, до степен на вриење
  • Оставете ги да вријат на “тивко” околку 20 минути, или пак додека зеленчукот омекне
  • Отстранете ги ловровите листови и ставете ја тавата на страна
  • Сите состојки префрлете ги во блендер
  • Блендирајте додека смесата стане кремава и потоа вратете ја назад во тавата
  • Додадете ги наутот и леќата и промешувајте од време на време
  • Супата сервирајте ја топла

Овој рецепт е за 10-12 чинии супа. Едно сервирање Боршт (според овој рецепт) содржи:

  • 123 калории
  • 5.07 грама протеини
  • 3.3 грама масти
  • 20.48 грама јаглехидрати
  • 567 милиграма натриум (38% од дневните потреби)
  • 849 IU витамин А (36% од дневните потреби)
  • 20.8 милиграми витамин Ц (28% од дневните потреби)
  • 2.4 милиграми железо (13% од дневните потреби)
  • 0.175 милиграми витамин Б6 (13% од дневните потреби)
  • 2 милиграми витамин Е (13% од дневните потреби)
  • 1.464 милиграми витамин Б3 (10% од дневните потреби)
  • 39 милиграми магнезиум (13% од дневните потреби)

 


Е-маил адреса