The Blog

Започнете го денот со смути за енергично и активно утро! (Рецепт)


Имате супер брз појадок на нога за целото семејство, а здравствените придобивки се премногу. Со продуктите можете да бидете креативни и да комбинирате како што сакате!

1. Прво ги ставаме сите состојки за овошното смути во блендер. Кога смесатата ќе стане хомогена го претураме во чаши.

2. Потоа го правиме второто зеленчуково смути (продуктите треба да ги исецкате на помали парчиња за да не ви го глават блендерот)

3. Се конзумираат веднаш, по кој редослед сакате вие!

Состојки

  • (овошно смути-3 чаши)
  • 3 банани
  • 500г јагоди
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 морков
  • 1/2 младо цвекло
  • неколку листови зелена салата (пр. кељ, спанаќ, блитва…)
  • 1 мала китка свежа мента
  • (зеленчуково смути-3 чаши)
  • 2 моркови
  • 2 мали-средни млади цвекла
  • 1/2 краставица
  • 1/2 лимон (сок)
  • неколку листови зелена салата (пр. кељ, спанаќ, блитва…)
  • 1 лажичка чиа семе

Е-маил адреса